Играч на Милан е првата желба на Гатузо

По преземањето на кормилото на Наполи, Џенаро Гатузо веднаш се пушти во работата и веќе крои план како би требало да изгледа тимот што сака да го води. Покрај тоа што ќе треба да најде тактика со која Наполитанците ќе редат победи, потребни се и засилувања.

Прв на листата желби кај Гатузо се најде играчот за врска на Милан, Франк Кесие. Репрезентативецот на БСК наводно е слободен да преговара со други клубови, па ако му одговараат условите, може да го напушти „Сан Сиро“. Се шпекулира дека Росонерите би го продале Кеси за 30 милиони евра, сума со која би ги вратиле потрошените средства за него кога го купуваа од Аталанта.

Гатузо добро го познава Кесие од времето кога го предводеше седумкратниот европски првак, па затоа и планира да инвестира за да ги добие неговите услуги. Кесие сезонава запиша 13 настапи за Милан во Серија А на кои постигна само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести