Играч на ВБА се заразил на настан со повеќе од 250 илјади публика, а клубот тврди дека не е тестиран

Чарли Остин е најновиот случај на заразен фудбалер во Англија од коронавирусот. Напаѓачот на Саутхемптон кој сезонава настапува за второлигашот ВБА, за англиските медиуми откри дека веќе една недела е во самоизолација откако му се појавиле симптоми слични на вирусот Ковид-19.

Остин откри дека се заразил за време на фестивалот „Челтенхам“, наменет за трки со коњи на кој присуствувало повеќе од 250.000 публика. Иако Англичанецот веќе неколку дена се бори со вирусот, од таборот на ВБА објавија дека не му извршиле тестирања, туку само му упатиле инструкции како да се избори со коронавирусот.

„Се чувствував како некој да ми истурил кофа со вода на мене. Се гушев, но добро го поднесов бидејќи сум во добра физичка форма. По седум дена борба можам да кажам само дека овој вирус треба да се сфати посериозно, ова важи и за луѓето во 20-тите и 30-тите години. Не ја правете истата грешка како и јас“, изјави Остин.

Остин го помина тешкиот дел со вирусот и сега закрепнува во самоизолација, воедно е одделен од своето семејство.

- Оглас -

Најнови вести