Играчите на Бетис од утре почнуваат со тренинзи – на улица!

Управата на Бетис им дозволи на играчите од утре да почнат со тренинзи, но само на улица или во своите дворови.

Клубот не може да го отвори тренинг-центарот до крајот на наредната недела, па играчите може да го искористат олабавувањето на мерките за самоизоалција во Шпанија и да одработат дел од физичките тренинзи надвор од своите домови.

За Бетис да добие дозвола да го отвори тренинг-центарот, прво играчите ќе мора да го проследат протоколот и да се потврди дека ниту еден од нив нема симптоми на Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести