Играчите на БСК добија богати премии, но селекторот заработи многу повеќе

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска е новиот континентален шампион на Африка откако во финалето со 2:1 ја победија Нигерија. За овој успех, фудбалерите беа одликувани и наградени од претседателот на земјата на церемонија во Абиџан.

Секој играч доби бонус во износ од 76.000 евра, плус куќа која има иста вредност како и паричната награда. Тука е и одликувањето со национален орден, кое е најзначајно признание во Брегот на Слоновата Коска.

Шампионската титула на Брегот е вистински подвиг, посебно ако се знае дека по две кола во групната фаза беа пред елиминација. Тогаш беше сменет и селекторот Жан-Луис Гасет, а на негово место дојде Емерсе Фае.

Токму со Фае како предводник започна подвигот на Брегот на Слоновата Коска, кој прво успеа да ја помине групната фаза, а потоа до крајот на турнирот победуваше и стигна до златото. За овој успех, селекторот Фае доби бонус од 152.000 евра. Едноставно, човекот кој воопшто не требаше да биде до фокусот на Африканскиот куп на нации, стана национален херој на новиот африкански првак.

- Оглас -

Најнови вести