Играчите на Дортмунд и Херта се обединија против расизмот (видео)

Дортмунд и Херта во овие моменти бијат битка на „Сигнал Идуна парк“ во мечот од 30-тото коло во Бундеслигата. Пред почетокот на натпреварот фудбалерите на двете екипи се наредија во кругот на центарот од теренот и клекнаа изразувајќи го својот став против расизмот, а им се приклучија и членовите на стручните штабови покрај клупите.

Ваквиот тип протести се почесто се појавува на терените во Бундеслигата, играчите испраќаат морална поддршка за демонстрантите во САД кои веќе со денови протестираат за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

- Оглас -

Најнови вести