Играчите на Јута џез се благодарни на Бога што останаа живи

Кошаркарите на Јута џез имаа непријатно искуство во авионот со кој требаше да отпатуваат во Мемфис. Само што полетаа од пистата на Меѓународниот аеродром во Сoлт Лејк Сити, авионот морал принудно да слета, откако удрил во јато со птици.

Дел од птиците завршиле директно во моторот на авионот, по што било предизвикано експлозија и пожар. За среќа, пилотот смирено реагирал и за кратко време успеал да следа на пистата од каде што полетал.

 

- Оглас -

Најнови вести