Играчите на Јуве на телевизор го гледаа финишот во Неапол, интересно однесувањето на Роналдо (Фото)

Јувентус си го заврши својот дел од работата со победата над Болоња, но за да играат во ЛШ, им требаше и кикс на Наполи или Милан. Милан не згреши и после 2014 година се враќа во европскиот елитен фудбал, но Наполи одигра само 1-1 против Верона, и му дозволи на Јувентус да се искачи на четврто место.

Средбата во Неапол заврши подоцна, па играчите на Јуве по завршувањето на мечот со Болоња чекаа информации за финишот на дуелот со Неапол каде Наполи играше 1-1 против Верона.

Радосната вест дојде, Наполи не победи, Јуве ќе игра во ЛШ, а му олесна и на Кристијано Роналдо кој не играше, затоа што бил заморен. Португалецот учествуваше во славјето, и тоа ги радува фановите на Старата дама. Ако Јуве не успееше да се пласира во ЛШ, големи беа шансите Кристијано да побара да си оди.

- Оглас -

Најнови вести