Играчите на Јувентус со 60 манекенки се „тешеле“ по поразот од Атлетико Мадрид

Јувентус синоќа славеше во дербито против Наполи, и тоа на гости (2-1), а со тоа речиси сигурно ќе ја одбрани титулата во Серија А. „Старата дама“ сега има дури 16 бодови пред Наполи, а фактот дека досега нема ниту еден пораз кажува дека само формално треба да дојде време за да биде прогласен Јувентус за старо-нов првак во Италија.

Ако во Италија е доминантен, Јувентус доживеа непријатен пораз во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид славеше со 2-0 во Шпанија и обезбеди одлична залиха пред реваншот во Торино кој ќе се игра следната недела.

Иако историјата говори дека Јувентус никогаш не успеал да надополни негатива од 2-0 на свој терен, играчите на Јувентус не биле премногу разочарани од тој пораз од Атлетико Мадрид. Веднаш по мечот во Мадрид, цел тим на Јувентус со приватен авион заминал во Торино и уште вечерта присуствувале на приватна забава, на која имало дури 60 манекенки.

Убавите девојки дури се фотографирале и постирале фотографии на социјалните мрежи, а забавата траела до раните утрински часови. Од цел тим на „старата дама“, единствено на забавата не присуствувале Федерико Бернардески и Андреа Барѕаљи, но затоа Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди не ја пропуштиле шансата да се дружат со убавите девојки.

 

- Оглас -

Најнови вести