Играчите на Кожуф како да сакаа да загубат од Башкими (Видео)

Водечките екипи во Втора фудбалска лига на Македонија победија во 28 коло, па нема никаква разлика во однос на борбата за влез во елитното фудбалско друштво. Македонија ЃП минимално со 1:0 победи на гости кај Вардар Неготино, додека Арсими беше убедлив против испаднатиот Борец и славеше со 4:2.

Мечот кој е во фокусот на ова коло се одигра меѓу Кожуф Гевгелија и Башкими. Домаќините водеа на полувремето со 1:0, а на крајот гостите од Куманово победија. Погодокот за победа Башкими го постигна речиси во последниот напад од мечот, но чудна беше реакцијата на домашните фудбалери.

Дел од играчите „се шетаа“ по теренот, а голманот на Кожуф статично само гледаше додека гостите се обидуваа да постигнат гол, а на крајот тоа им успеа за триумф од 2:1.

 

Резултати: Борец – Арсими 2:4, Брегалница – Беласица 1:0, Детонит – Охрид 3:2, Скопје – Победа 0:0, Кожуф – Башкими 1:2, Осогово – Новаци 2:0, Вардар (Н) – Македонија ЃП 0:1, Вардарски – Саса 1:4.

Табела: Македонија ЃП 63 бодови, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55, Детонит 43, Охрид 42, Беласица 39, Каменица Саса 39, Скопје 36, Кожуф Гевгелија 33, Новаци 32, Победа 32, Вардар Неготино 30, Осогово 26, Борец 13, Вардарски 11 бодови.

- Оглас -

Најнови вести