Играчите на Ливерпул се шегуваа со Ловрен на загревањето (видео)

Во пресрет на мечот против Барнли, во кој Ливерпул славеше со убедливи 4-2, играчите на домашниот состав убаво се забавуваа на загревањето. Кога му дојде редот на Ловрен да биде во средина при една вежба, неговите соиграчи трипати успеаја да му ја протнат топката низ нозе, по што сите прснаа од смеа, а Ловрен повеќе не сакаше да игра.

Видеото за брзо време стана хит на социјалните мрежи, а доброто расположение „црвените“ го пренесоа и за време на мечот, па во четири наврати ја тресеа мрежата на Барнли.

- Оглас -

Најнови вести