Играчите на Наполи добија упатство што треба да прават за да добијат дозвола за влез во Шпанија

Барселона и Наполи следната недела треба да играат на „Камп ноу“ во реванш-мечот од осминафиналето на Лигата на шампиони, но постојат големи дилеми дали тој меч воопшто ќе се одигра. Тоа е поради стравот од Коронавирусот, кој во Италија има најголем замав од цела Европа.

Шпанија реши да ги забрани авионските летови од Италија и кон таа земја, а фудбалерите на Наполи добија упатство како треба да живеат во следните денови додека дојде време да отпатуваат во Шпанија.

Играчите на Наполи не смеат да излегуваат од дома. Смеат да одат само на тренинг, а веднаш потоа да се вратат дома. Забрането им е да одат во ресторани бидејќи постои страв дека опасниот вирус може да се пренесе и преку храната. Тренинзите не смеат да траат повеќе од два часа. Ако тренинзите се пократки од два часа, играчите смеат да се тушираат во помали групи.

На фудбалерите им е забрането и колективен ручек во тренинг-центарот, што досега беше пракса во Наполи. Забранети се и клупските состаноци, кои единствено може да се одвиваат преку видеопораки или телефонски конференциски врски.

Наполи и Барселона во првиот меч во Неапол одиграа 1:1, а реваншот на „Камп ноу“ ќе го играат без публика.

 

- Оглас -

Најнови вести