Играчите на Шалке станаа „тепачи“ и ги исклучуваат, а не мислат да дадат гол (Видео)

Шалке продолжува со очајните игри, откако попладнево на свој терен не успеа да слави во дуелот против Фрајбург. Екипата од Гелзенкирхен, која не така оддамна играше и во групната фаза од Лигата на шампиони, сега е во долниот дел од табелата во Бундес лигата. Среќа за Шалке е што и Штутгарт и Хановер загубија, па тимот од Гелзенкирхен не е многу загрозен за испаѓање.

На мечот против Фрајбург, Шалке беше фаворит, но не успеа да даде гол. Во 42 минута Суат Сердар доби црвен картон и тоа е четвртиот играч на Шалке кој сезонава добива е исклучен. Со овој црвен картон, Шалке се израмни со Штутгарт како најгруби екипи во Бундес лигата за оваа сезона. Стартот на Сердар беше толку опасен што капитенот на Фрајбург, Франц, добро е што не заврши со скршена нога, но не можеше да го доигра мечот.

Со играч помалку, домаќините беа немоќни да го скршат отпорот на гостите, кои исто така мечот го завршија со играч помалку, но Гунтер беше исклучен дури во 92 минута од мечот.

Резултати: Хофенхајм – Хановер 3:0, Шалке – Фрајбург 0:0, Штутгарт – Лајпциг 1:3, Волфсбург – Мајнц 3:0. Во 18:30 часот ќе играат Херта – Вердер.

 

- Оглас -

Најнови вести