Играчите на Вест Хем се тепаа во Холандија, си ги бранеа фамилиите кои им беа нападнати (Видео)

Хулигански настроените навивачи на АЗ Алкмар, синоќа само што заврши мечот од Конференциската лига, ги нападнаа гостинските фанови на Вест Хем и тоа во ложата, а таму имаше и членови на семејствата на фудбалерите на Чеканите, па некои од играчите се вмешаа во хаосот и се обидуваа да ги одбранат своите.

Фудбалери на Вест Хем се судрија со редарите и со противнички навивачи, и целата ситуација беше на трибините беше хаотична. Тренерот Дејвид Мојс рече дека таму бил и неговиот 87-годишен татко.

- Оглас -

Најнови вести