Играчот кој стана крилен бек поради Конте, повторно ќе игра под негова команда

Интер се обидува да го ангажира Виктор Мозес на шестмесечна позајмица по наредба на Антонио Конте. Италијанскиот стратег му даде доверба на Нигериецот во сезоната 2016/17 во редовите на Челзи, и се истакна како клучна алка во освојувањето на шампионската титула.

Познат како голем работник, Конте поради тоа го посакува Мозес кој моментално ги брани боите на Фенербахче, каде што веќе игра како позајмен играч една година. Челзи се согласува со оваа соработка, се очекува да го повлече својот фудбалер од Турција и да му дозволи да потпише за Нероаѕурите, но исто така Сините бараат дека по крајот на сезоната Интер да го откупи за 10 милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека преговорите се во тек, а до крајот на преодниот рок би требало и да се официјализира соработката.

Мозес инаку стандардно игра по крилните позиции, но во периодот кога Конте командуваше со Челзи, тој се пронајде на позицијата десен крилен бек.

- Оглас -

Најнови вести