Играчот на Лацио покажа како на најбанален начин се добива црвен картон, а после почна да плаче (фото)

Дербито на „Олимпико“ во Рим меѓу Лацио и Интер беше полно со возбудувања, пресврти, но и контроверзни моменти. Шампионот водеше на полувреме, но Лацио со три гола во второто полувреме направи пресврт.

Посебно внимание привлече погодокот со кој Лацио поведе со 2:1, затоа што гостинските фудбалери бараа противниците да ја исфрлат топката во аут поради тоа што еден играч на Интер лежеше повреден на теренот. Лацио го продолжои нападот и даде гол за 2:1, па следуваше и мешаница на теренот.

Интересно беше и по завршување на дуелот, а во центарот на вниманието беше домашниот фудбалер Луиз Фелипе. Играчот на Лацио радоста за победата реши да ја „сподели“ со Жоакин Кореа од Интер.

Кореа до лани беше дел од тимот на Лацио, но сега е во Интер и чудно беше како Фелипе реши да му скокне на грбот и да се радува. Судијата го виде овој испад и веднаш му даде црвен картон на Луис Фелипе, а Бразилецот потоа почна да плаче. Лацио нема да смета на Луиз Фелипе за дуелот против Верона на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести