Играјте контра Интер, сигурно убедливо ќе загуби

Фрајбург – Борусија М. (20:30 ч.)

По враќање на фудбалот во Германија, кога се игра без гледачи на трибините, подобро е да си гостин. Домаќините едноставно ја загубија предноста, а статистиката покажува дека гостинските клубови имаат повеќе победи.

Фрајбург има некакви шанси да се бори за излез во Европа, но сепак реално е послаб од Борусија Менхенгладбах, која има многу поголем влог, а тоа е место во Лигата на шампиони. Токму затоа гостите не смеат да си дозволат кикс. Интересно е што последните пет меча на овие два тима завршиле со гол-гол 3+, па и сега очекуваме да продолжи таа низа на средби со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.95)

 

Хајдук – Интер Запрешиќ (20 ч.)

Хајдук е во опасност да остане без место во Европа, па никако не смее да дозволи кикс против екипата која има освоено само 17 бодови во претходните 26 кола. Кога игра на свој терен, Хајдук има 11 победи во 13 меча, а во просек дава речиси по три гола.

Едноставно Интер е тим кој треба да биде само мотив за домаќините по брза постапка да стигнат до трите бода.

Предлог тип: 1-1 3+ (1.98)

 

Гројтер фурт – Сандхаусен (18:30 ч.)

Ова е меч кој едноставно мора да има голови. Гројтер фурт и дава, но и прима многу погодоци, па така треба да биде и денеска. Двете екипи се во сигурната зона на средината на табелата, значи ќе играат без многу притисок, што е дополнителен знак дека ќе има голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

Колдинг – Виборг (17:30 ч.)

Според коефициентите, гостите се големи фаворити на овој меч. Сепак, традицијата вели нешто друго. Колдинг на последните пет меча против овој ривал нема пораз. Во есенскиот дел од сезоната, Колдинг дури и славеше на гости со 2:1.

Виборг сезонава на гости има седум победи и три порази и е единствениот тим кој нема реми. Некојпат е добор да се ризикува и да се одигра „икс“ со што би продолжила традицијата на Колдинг, но и би се срушила традицијата дека Виборг не игра нерешено на гости.

Предлог тип: Х (3.65)

 

Санта Клара – Брага (20 ч.)

По три месеци пауза, португалското првенство повторно е активно а интересно е што водечкиот двоец Бенфика и Порто киксираа на рестартот. Брага е третопласирана на табелата и главна цел на овој тим е да ја задржи предноста пред Спортинг, кои исто така синоќа не победи (2:2 против Гимараеш).

Санта Клара е безбедна на средината на табелата, но кога игра против Брага загуби на четири од последните пет меча. Брага е третиот најефикасен тим сезонава, па сигурно ќе има погодоци и вечерва.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести