Играјте Спортска прогноза, можеби ова е коло за Среќна 13-ка

До почетокот на деветтото коло од Спортската прогноза има само уште 25 часа, а за првпат на менито со основните 13 двојки, плус две резерви се натпревари исклучиво од топ-5 лигите во Европа.

Ви нудиме вистински предизвик за прогнозирање, од коло во коло ги има сè повеќе учесници, а квантитетот ќе донесе и квалитет, па може да се очекува да бидат доделени некои од наградите, можеби и главната, за 13 погодоци.

Деветтата рунда почнува со дерби во Серија А во 15 часот помеѓу Рома и Наполи, и до тој термин можете да типувате на популарната тринаесетка. Главната премија е IPhone XS, што ќе ја добие прогнозерот со максимален ефект и 13 погодени натпревари.

И промашувањата се наградуваат во Sport Life, а една утка, или поточно 12 погодени натпревари ви носат ваучер од 1.000 денари, а ако „фатите“ единаесетка, вредносен ваучер од 500 денари.

Покрај дербито на римски „Олимпико“, интересно ќе биде и на жешкиот „Санчес Писхуан“, каде што Севилја го чека Атлетико Мадрид.

Не заборавајте со внимание да ги прогнозирате исходите и на двата резервни пара и дуелите меѓу Тулуз и Лион, односно Фиорентина и Парма, кои носат поени во битката за врвот во Генералниот пласман.

За да ги видите останатите парови од понудата на Спортска прогноза, кликнете на ПРОГНОЗИРАЈ и бесплатно бидете дел од играта во соработка со Sport Life.

 


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести