Играше финале на Лига Европа, и доби петгодишна забрана за играње фудбал

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Диксон Етуху, беше суспендиреан од секакви фудбалски активности во следните пет години, бидејќи се обидел да договорил местење на еден натпревар во Шведска. Нигериецот Етуху има 37 години, па оваа петгодишна казна веројатно значи и крај на неговата кариера.

Некогашниот нигериски репрезентативец и екс играч на Фулам со кој во 2010 година стигна до финалето на Лига Европа, во истата 2010 играше на Светското првенство, а во ноември минатата година е обвинет дека во 2017 година кога играше за АИК Стокхолм, сакал да го поткупи голманот Кени Стаматопулос „да попушта“ на средба со Гетеборг на 16 мај 2017.

Дисциплинскиот комитет на шведската фудбалска унија го дисквалификуваше Етуху до 13 април 2025 година. Покрај него, казна доби и Албан Јусуфи, некогашен член на ИФК Росјохолм кој исто се обидел да го поткупи голманот на АИК.

Етуху и Јусуфи на Стаматопулос му нуделе 2 милиони шведски круни, што е околу 183.000 евра. Канадскиот голман со грчко потекло ги пријавил колегите, па мечот бил одложен. Брзо после неуспешниот обид за поткуп, Етуху од АИК заминал во ИФК.

- Оглас -

Најнови вести