Играше со Марадона во шампионскиот тим на Наполи, сега е бездомник и живее на улица

Некогашниот фудбалер на Наполи и тоа од шампионските денови на клубот, Пјетр Пуцоне, денеска живее на улица. Од соиграч на Диего Марадона и член на тимот кој во 1987 година го освои Скудетото во Италија, некогашниот напаѓач Пуцоне, сега е многу сиромашен и нема дом.

Во овие 33 години, многу работи тргнаа на лоши за Пуцоне, а можеше да биде поинаку. Тој во сезоната 1985/86 играше 35 меча за Катанија и доби понуда од Наполи, па направи трансфер во тимот за кој играше најдобриот фудбалер на светот Марадона. Иако беше резерва, и не влезе во игра на ниту еден меч во сезоната 1986/87 во Серија А, и на Пуцоне му се смета дека освоил титула. Настапи на куп меч против Калјари.

Сега тој е 57-годишен, живее на улица во Ачера, град на 14 километри од Неапол. Тоа е родниот град на Пуцоне. Секојдневно бара покрив над глава и засолниште каде да спие. Најчесто спие на клупа. Бил препознаен и снимен од еден навивач, па Пуцоне ги поздравил старите пријатели и ветил дека ќе престане да се дрогира. Психолози велат дека од голема помош во рехабилитацијата може да биде ако Пјетро повторно се почувствува сакан и важен за луѓето.

- Оглас -

Најнови вести