Играше за Челзи, па замина во Кина во најдобрата форма: Кога ќе остарам, не сакам да бидам сиромав

Пред неколку години Кина беше ветената дестинација за фудбалерите, каде што се даваа неверојатни плати, па затоа и бевме сведоци на трансфери на врвни играчи од топ пет лигите.

Еден од нив е и Оскар, кој играше во екипата на Челзи, а замина во Шангај СИПГ во друштво со неговиот сонародник Хулк, кој дојде од Зенит.

„Кина има финансиска моќ и такви понуди не можат да се одбијат.

Јас доаѓам од многу сиромашно семејство кое никогаш немало ништо.

Ова се плодови на мојата работа, а критиките не ме интересират, можам да живеам со нив, но не можам да живеам во сиромаштија и сеќавања“, изјави Оскар и продолжи.

„Да не беа финансиите проблем, не би го напуштил Бразил и мислам дека голем дел од фудбалерите би го сториле тоа“.

Неговиот трансфер во 2017 година беше вреден 60 милиони евра, а играчот имаше годишна плата од 20 милиони, нешто што за во Европа можеше само да сонува.

 

- Оглас -

Најнови вести