Играше за Реал, сега се фали дека може да потпише за Барселона

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија, најави дека постои можност во овој преоден рок да направи трансфер и да си замине од францускиот првак. Трансферот на Ди Марија не би бил формален, туку би можело да направи бум во преодниот рок. Се работи за заминување во Барселона.

Самиот фудбалер открива дека е можно во новата сезона да го носи дресот на каталонскиот гигант. Доколку тоа се случи, Ди Марија би го направил само по наговор на Лионел Меси.

„Точно е дека има шанси да заиграм за Барселона, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Обожавам да играм со Лионел Меси. Сакам да го гледам на тренинг. Работите кои тој ги прави се уникатни. Невозможно е да се објасни. На Лео му е исто дали е на тренинг или на меч. Работите ги прави да бидат неверојатни. Никој друг не може да направи работи какви што може да направи Меси. Затоа, ако заминам во Барселона, тоа ќе биде само поради Меси“, рече Ди Марија, кој е заедно со Лео на репрезентативни подготовки за Копа Америка.

Аргентина е еден од фаворитите за трофејот, но досега не се случило „гаучосите“ да се радуваат на пехар со Меси во екипата.

 

- Оглас -

Најнови вести