Игуаин јунак на Милан, Мојсов трагичар на АЕК Ларнака (Видео)

Гонзало Игуаин му донесе минимална победа на Милан на гостувањето кај луксембуршкиот Дуделанж, кој првпат игра во групната фаза од Лигата на Европа. Ова беше 11-ти гол за Аргентинецот во Лигата на Европа, а трети на последните пет меча.

Погледнете дали Пипита имаше среќа при постигнувањето на голот:

Од македонските интернационалци, резултатски најлошо мина Елиф Елмас, кој играше 90 минути за Фенербахче, но турскиот тим загуби со 1-4 на гостувањето кај Динамо на „Максимир“.

Даниел Мојсов играше со рака во својот шеснаесетник, па судијата мораше да досуди пенал, кој екипата на Цирих го претвори во гол. АЕК токму со тој примен гол го загуби мечот со 0-1, а по 90 минути за кипарскиот тим играа Мојсов и Иван Тричковски.

Позитивни сеќавања од оваа вечер ќе има Стефан Ристовски, чиј Спортинг рутински славеше со 2-0.

Баер Леверкузен е вториот германски тим кој направи пресврт вечерва и по заостанувањето на полувремето, на крајот славеше. Жртва на „фармацевтите“ беше Лудогорец. Победнички голови во финишот постигнаа Селтик и Ред Бул Салцбург. Австријците водеа со 2-0, па му дозволија на Лајпциг да изедначи, но крајот, сепак, Австријците освоија три бода.

Победничкиот гол на „црвените бикови“ од Салцбург:

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА А: АЕК Ларнака – Цирих 0-1, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-3.

ГРУПА Б: Лајпциг – Салцбург 2-3, Селтик – Розенборг 1-0.

ГРУПА Ц: Копенхаген – Зенит 1-1, Славија Прага – Бордо 1-0.

ГРУПА Д: Динамо Загреб – Фенербахче 4-1, Спартак Трнава – Андерлехт 1-0.

ГРУПА Е: Спортинг – Карабах 2-0, Арсенал – Ворскла 4-2.

ГРУПА Ф: Дуделанж – Милан 0-1, Олимпијакос – Бетис 0-0.

ГРУПА Г: Рапид Виена – Спартак Москва 2-0, Вилјареал – Ренџерс 2-2.

ГРУПА Х: Лацио – Аполон 2-1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-2.

ГРУПА И: Бешикташ – Сарпсборг 3-1, Генк – Малме 2-0.

ГРУПА Ј: Акхисар – Краснодар 0-1, Севилја – Стандард Лиеж 2-1.

ГРУПА К: Динамо Киев – Астана 2-2, Рен – Јаблонец 2-1.

ГРУПА Л: МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-2, ПАОК – Челзи 0-1.

- Оглас -

Најнови вести