Икарди се извини, а за награда ќе биде стартер во дербито против Лацио?

Мауро Икарди би можело да биде стартер за Интер во дербито против Лацио кое ќе се игра в недела на „Џузепе Меаца“. Интер е на посакуваното трето место на табелата, додека Лацио заостанува осум бода зад „нераѕурите“, но не се предава во трката за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

Во борбата за бодови во дербито, тренерот на Интер, Лучијано Спалети може во стартниот тим да го стави Икарди. Некогашниот капитен на Интер веќе подолго време воопшто не игра поради конфликт со челниците на тимот, но сега е можно да се врати на теренот.

Икарди би играл на местото на Лаутеро Мартинес, кој го зазема местото на сонародникот, кога се случи конфликтот. Во претходниве неколку дена, Мартинес одигра два меча за Аргентина, но на дуелот против Мароко се повреди и мораше да биде изваден во игра во второто полувреме.

Засега нема точна информација за тежината на повредата, но се чини дека се работи за истегнат мускул, па Мартинес би можело да мирува неколку денови. Тоа би било простор за Икарди повторно да се појави на теренот, и тоа на дербито против Лацио.

Италијанските медиуми пишуваат дека Икарди денеска застанал пред цел тим и тренерот Спалети и упатил јавно извинување за неговото однесување во изминатиов период.

 

- Оглас -

Најнови вести