Икарди ќе го даде Интер на суд

Мауро Икарди ќе се обиде преку суд да го реши својот статус во Интер. Веќе неколку месеци Икарди е избркан од првиот тим, а и новиот тренер Антонио Конте најави дека нема да смета на неговите услуги во новата сезона.

Се веруваше дека аргентинскиот голгетер ќе биде продаден во Јувентус, но таа варијанта е се помалку извесна. Икарди тврди дека му се загрозени неговите права и Интер не ги исполнува догворените работи, па затоа ќе бара помош на суд.

Од Интер најавија дека ќе го продадат Икарди, а на негово место ќе доведат друг напаѓач, но засега слабо им оди. Ромелку Лукаку, Един Џеко и Единсон Кавани беа како опција, но овие имиња уште се далеку од доаѓање на „Џузепе Меаца“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести