Икарди не може да избега од Ванда – Таа го следи на секој чекор (ФОТО)

Мауро Икарди и Ванда Нара изминативе месеци ги полнеа насловните страници на таблоидите откако фудбалерот ја изневери својата сопруга со актерката Чина Суарес.

Тие во период од неколку недели се смирија, па беа блиску до развод, за на крај пак да се смират, но Ванда сега добро ќе наплати доколку фудбалерот направи нов ваков испад.

Тие потпишаа договор во кој доколку Мауро уште еднаш ја изневери Ванда додека се во брак, таа ќе го добие целото стекнато богатство на фудбалерот, кое се проценува на повеќе од 70 милиони евра.

Сепак, Ванда презеде уште еден чекор и во куќата инсталира камери да следи што се случува кога таа не е дома.

Така на нејзиниот профил на „Инстаграм“ напиша: „Додека тренирам, ги гледам камерите во куќата, умирам од љубов“.

- Оглас -

Најнови вести