Икарди нема да оди на азиската турнеја, дефинитивно заминува од Интер

Мауро Икарди ја напушти тренинг базата на Интер во Швајцарија, и се враќа во Милано, каде што ќе го чека својот трансфер во друг клуб. Екипата на Интер наскоро заминува на турнеја во Азија, но на листата на патници нема да биде Аргентинецот.

Уште со доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте се најавуваше дека тој нема да смета на проблематичниот Икарди кој пред половина година се налути кога му ја зедоа капитенската лента и веќе не е истиот. Од ова што се случи денеска и напуштањето на тренинг кампот, не можеше поотворено да се види дека за Икарди нема иднина во клубот.

Се шпекулира дека Икарди би можел да оди во Јувентус во трампа со која Пауло Дибала би се преселил во Интер, а интерес за Икарди има и од Наполи, и од Рома, но римјаните не играат во ЛШ и тоа им е главен минус.

Јуве ги има Марио Манџукиќ, Моизе Кен и Гонзало Игуаин како централни напаѓачи, тука и Кристијано Роналдо кој може да се користи како шпиц, но повеќето од нив ќе треба да си одат, со што би се отворило место за Икарди.

- Оглас -

Најнови вести