Икарди поднесе тужба против Интер!

Реномираната „Газета дело спорт“ ексклузивно известува дека Мауро Икарди поднесе тужба против Интер. Аргентинецот решил да ја бара правдата на суд, со клубот кој буквално се обидува да го избрка по секоја цена.

Како што известува италијанскиот медиум, поранешниот европски првак бил во преговори со Монако околу евентуална преселба на Икарди, иако за него заминување од Милано не е опција. Токму затоа Икарди го тужи Интер за мобинг, а воедно постави тешки услови за да се реши проблемот.

Неодамнешниот капитен на Нероаѕурите бара да биде вклучен во плановите за новата сезона, и дополнителни 1,5 милиони евра како отштета.

- Оглас -

Најнови вести