Икарди симулирал повреда?

Од таборот на Интер тврдат дека не постои повреда кај Мауро Икарди, поточно резултатите од последните медицински прегледи утврдија дека со десното колено на фудбалерот сѐ е во ред, иако тој тврди дека чувствувал болки.

„На Мауро утринава му беа направени тестови за да се утврди од каде доаѓа болката во неговото десно колено, но резултатите велат дека нема никаков проблем. Ист резултат добивме како на тестот, кој беше направен пред почетокот на оваа сезона“, стои во соопштението на клубот од Милано.

Случајно или не, Икарди се пожали на болки во период кога му беше одземена капитенската лента, а потоа самиот одби да настапи на средбите против Рапид Виена во ЛЕ и Сампдорија во Серија А. Токму затоа навивачите на Интер сметаат дека Аргентинецот симулира повреда што на еден начин ја користи како протест што преговорите за нов договор и натаму не добија краен епилог.

Засега не е познато дали Икарди ќе се врати во составот на „нераѕурите“ за утрешниот реванш против Рапид (21 часот) во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести