Икарди тврди дека Ванда му простила, се чека потврда од неа

Мауро Икарди не играше за ПСЖ синоќа против Лајпциг, но веднаш по мечот се огласи преку социјалните мрежи и тврди дека неговата сопруга Ванда му простила и дека сепак нема да се разведат. Уште се чека потврда од Ванда, која го обвини Икарди за неверство и се сликаше без бурма на раката, ги избриша сите заедники слики и престана да го следи Мауро на „Инстаграм“.

Икарди вчера се закани дека ако Ванда не му се врати, ќе го раскине договорот со ПСЖ, а тоа ќе значи дека Ванда, која е и негова менаџерка, ќе треба да плати повеќемилионска отштета.

„Ти благодарам љубов моја што продолжуваш да веруваш во ова прекрасно семејство. Ти благодарам што си мотор и двигател на нашиот живот. Те сакам“, напиша Икарди.

„Многу боли кога ќе ги повредиш саканите. Единствениот лек е прошка од тој што си го повредил“, додава Икарди.

- Оглас -

Најнови вести