Илиевски го објави списокот за дуелите со Русија и Гибралтар

Селекторот на младата фудбалска репрезентација, Добринко Илиевски, го објави списокот од 20 фудбалери кои се повикани за дуелите против Русија и Гибралтар во квалификациите за ЕП. Македонија, која нема никаква шанса за пласман на завршницата, на 12-ти октомври игра против Русија на гости, а четири дена подоцна го пречекуваме Гибралтар.

„Ова се последни дуели во овие квалификации. Русија игра на свој терен, додека на мечот пртив Гибралтар сме пред императив дека мора да победиме. Се надевам дека ќе им вратиме за неочекуваниот пораз на нивен терен, но прво ќе мислиме за Русија, а потоа за Гибралтар“, рече Илиевски по соопштувањетона списокот.

Меѓу 20-те фудбалери се најдоа:  Ристо Јанков, Томас Божиновски, Христијан Стевковски – голмани; Оливер Стоименовски, Ване Јованов, Тодор Тодороски, Михаел Маневски, Филип Трајановски, Агрон Руфати – одбрана; Стефан Јевтоски, Кристијан Трајчески, Јани Атанасов, Тихомир Костадинов, Кристијан Трапаноски, Давор Здравковски, Енур Тотре – среден ред: Димитар Митровски, Марио Крстовски, Милан Ристовски, Никола Ѓорѓев – напад.

- Оглас -

Најнови вести