Илија пак е на насловните страници во Италија – Несто-гол пука рафално за Удинезе (Фото)

Илија Несторовски игра извонредно во подготвителниот период за Удинезе и повторно е на насловните страници на италијанските медиуми.

Денеска постигна хет-трик против Илирија од Словенија и ја продолжи рафалната стрелба, што ја почна со гол против Линц, прв на Удинезе во летниот период и потоа уште два против Унион Берлин.

Еден, два, три е низата на популарниот Несто-гол, а познатиот „Калчомеркато“ вели дека Несторовски е во топ-форма.

Лани долго беше отсутен поради операција на коленото и немаше минутажа во Удинезе, но сепак остана во клубот од Удине и го продолжи договорот.

Како игра во подготвителниот период со шест гола на првите три натпревари се повеќе се наметнува како прва опција во нападот на популарните Зебри.

И следните два пријателски натпревари се многу интересни за Удинезе и за Несторовски, кој очекува да ја продолжи гол-серијата против Баер Леверкузен на 21. јули и потоа и против Челзи на 29. јули, како последен дуел пред стартот на новата сезона во Калчото.

Во првото коло во Серија А, Удинезе ќе му биде гостин на актуелниот првак Милан на 13. август од 18.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести