Тигран Барсегјан, Евгениј Новак и Максим Максимов се во трка со времето за обновување на работните визи во Македонија и е неизвесно дали ќе играат на дербито од деветтото коло во сабота, против Академија Пандев.
Барсегјан е најдобар стрелец на Вардар со четири погодоци во домашното првенство, а Новак е столб на одбраната и нивното евентуално отсуство на дуелот со Пандевци, би бил огромен хендикеп за лидерот.
Со нив двајца работната дозвола треба да ја продолжи и Максимов, а прашање е дали работата ќе се заврши до петок, пред дербито со Академија Пандев, следниот ден.
Вардар е на врвот на табелата со 20 бодови, пред Академија Пандев со 16.