Им избега како тренер, сега бара да биде технички директор – За 76 дена Клинсман потроши 76 милиони евра

Јирген Клинсман си замина од кормилото на Бундеслигашот Херта, а потоа доби „корпа“ на чудното барање по завршувањето на сезоната да биде технички директор во клубот од Берлин.

Раководството на Херта му ја прифати оставката и му одговори негативно на новото барање. Клинсман, кој беше и германски и американски селектор, на кормилото на Бундеслигашот издржа точно 76 дена и за тој период потроши 76 милиони евра на засилувања.

Последен пристигна Кжиштоф Пјонтек од Милан, но засега без ефект. Херта е само две позиции над зоната за испаѓање, а очекуваше со Клинсман да биде конкурентен состав за излез во Европа.

Ефектот во 10 меча на Клинсман како кормилар на познатиот првологаш од Берлин е по 3 победи, ремија и порази во Бундеслигата и елиминација во Купот од Шалке 04.

- Оглас -

Најнови вести