Им одговараше нерешено, си одиграа нерешено!

Борусија Дортмунд и Манчестер сити не си дадоа гол, дури и еден пенал не беше реализиран, а по натпреварот, двата тима можеа да бидат задоволни од исходот бидејќи си ги остварија амбициите: Сити да биде прв во групата, а Борусија да осигури осминафинале.

Ријад Марез на два меча (со Копенхаген и Борусија) во ЛШ не реализираше пенали и пропушти шанси на својот тим да му донесе победи.

Пеп Гвардиола рече дека Ерлинг Халанд имал настинка, а добил и удар во првото полувреме, па затоа го повлекол на пауза. За пеналот на Марез, Гвардиола рече дека е несреќна околност и најави дека Алжирецот и понатаму ќе ги шутира пеналите за Сити, иако овој синоќешниот нема да му биде и последен утнат пенал во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести