Им се враќа голем адут пред плејофот – Ножиците од Лос Анџелес ќе бидат опасно остри

Монти Харел пристигна на Флорида во популарниот НБА-балон, каде што се играат натпреварите од остатокот на сезоната во најсилната лига на светот и ќе биде голем адут на Лос Анџелес клиперс за плејофот.

Харел остана дома и не допатува со екипата за рестартот на сезоната бидејќи му почина бабата. Играчот кој ќе конкурира за најдобар шести играч во НБА-лигата сепак одлучи да му помогне на тимот во обидот да се освои шампионската круна.

Плејофот ќе стартува на 17 август, точно еден месец откако Харел е отсутен, а крилниот центар на Клиперс се врати токму навреме.

Популарниот Монти има просек од 18,6 поени и 7,1 скок сезонава и е еден од главните адути на тимот од Лос Анџелес.

Клиперс веројатно ќе бидат втори во Западната конференција, зад лидерот и голем ривал Лос Анџелес лејкерс, а сега имаат и одличен состав со Харел, кој е кадарен да атакува на првата шампионска круна во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести