Им требаше гол за титула, но голманот имаше друг план (Видео)

Голманот на корејскиот клуб Улсан Хјундаи, Ким Сеун, е трагичар на целото првенство во оваа азиска земја бидејќи со огромен кикс му помогна на ривалот Јеонбук да ја освои титулата.

На едно коло до крајот, Улсан имаше три бода предност пред Јеонбук и му требаше само бод за титула. При резултат 1-2 во 88-мата минута, Улсан напаѓаше со сите сили, а во тоа брзање голманот Ким изведе аут и тоа го направи толку лошо што на противниците им ја додаде топката, а на играчот на Поханг стилерс не му беше тешко да ја погоди празната мрежа и да зголеми на 3-1.

Јеонбук си победи со 1-0 и благодарение на подобрата гол-разлика, стана првак. Улсан 14 години ја чекаше титулата, не успеа ниту сезонава, а ова е голот кој не смееја да го примат:

 

- Оглас -

Најнови вести