Има 17 години, игра одбрана, носи дрес со број 82 и стана најмлад стрелец на Манчестер сити (Видео)

Рико Луис, кој има само 17 години, вечерва игра за Манчестер сити како стартен десен бек и успеа против Севилја да постигне гол за изедначување на 1-1, со кој стана најмлад стрелец на меч од ЛШ во историјата на Граѓаните.

Луис, кој наскоро треба да стане полнолетен (има 17 години и 346 дена), има дрес со бројот 82 на грбот, а ова му е прв погодок во професионалната кариера. Тој го урна рекордот на Карим Бензема, кој имаше 17 години и 352 дена кога дебитираше како стартер и даде гол во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести