Има 32 години, а ќе игра за тимот на Јувентус за фудбалери до 23 години

На денот кога Јувентус го претстави Артур, Старата дама доби уште еден нов играч, Андреа Бригенти, кој доаѓа од Монца. Бригенти нема да биде дел од првиот тим на Јуве, туку ќе игра за Јувентус У-23, кој се натпреварува во Серија Ц, што е трета лига во Италија.

Најинтересно е што Бригенти е играч кој има 32 години, а вториот тим на Бјанконерите се води како Јувентус У-23, што подразбира дека треба да има фудбалери до 23 години.

Амбициите на Јуве У-23 се влез во Серија Б, па во својот тим нема да им фали само еден, туку петмина повозрасни играчи за следната сезона. Тоа се голманот Стефано Гори, кој има 24, Дарио Дел Фабро, кој има 25, Тимоти Ноки, кој има 30 години и неговиот врсник Рафаеле Алчибјаде.

- Оглас -

Најнови вести