Има 46 години, а планира да игра и на осми Олимписки игри

Леандер Паеш е индиска тениска легенда, веќе има 46 години, но не се откажува од сонот кој уште го нема остварено во богатата кариера како дубл.

Паеш изрази желба да заигра на олимпискиот турнир во Токио и да го подобри рекордот кој го постави тенискиот свет. Ако настапи в година на ОИ во Токио, тоа би му било дури осмо учество на настанот кој се одржува на секои четири години.

Бројот 8 има уште едно симболично значење за Паеш, толку гренд-слем титули има во кариерата во машки двојки, а има 10 гренд-слем титули во мешани двојки, па важи за еден од најдобрите тенисери за дубл во историјата на овој спорт.

Паеш има бронзен медал од олимпискиот турнир во Атланта во 1996 година, и тоа во сингл. Во двојки, во Атина 2004 беше четврти и уште нема медал. Иако од Барселона 1992 наваму играше на сите олимписки игри, нема медал во дубл. Со осум настапи на ОИ, би му се доближил на канадскиот јавач Јан Милар, кој се појави дури на 10 различни олимпијади.

- Оглас -

Најнови вести