Има гол, нема гол – Третата среќа е за Брозовиќ и Интер

Марсело Брозовиќ беше побрз од судијата Марко Гвида и во неверојатно драматичен финиш со гол во 94. минута му донесе победа на Интер против Сампдорија.

До самиот финиш фудбалската приказна во Џенова беше приспивна, а темпераментните Италијанци се разбудија во последните моменти и приредија вистинска драма.

Најпрво во 89. минута Асамоа постигна гол, но по интеревенција на луѓето што раководат со ВАР системот, беше поништен водечкиот погодок на Интер.

Во следниот напад Сампдорија даде гол, прецизен беше Грегори Дефрел, но и тој погодок беше поништен, оправдано поради офсајд.

Трета среќа имаше Марсело Брозовиќ, кој конечно постигна регуларен гол, вреден три бода за Интер. Дилеми немаше во четвртата минута од судиското продолжение, па Интер во фото-финиш ги освои бодовите во Џенова.

- Оглас -

Најнови вести