Има и поголем „лузер“ од Дончиќ: Не доби место на Олстарот, остана без милион долари, па заплаче (Видео)

Лука Дончиќ доби четири милиони гласови од навивачите, но нема да игра на Олстар мечот во Шарлот. Сепак, Словенецот не е единствениот „лузер“ кога се работи за недобивањето покана да се биде дел од најдобрите.

Центарот на Јута џез, Руди Гоберт минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во лигата. Франузинот и сезонава игра одлично, па дури е и водечки во неколку категории во лигата. Сепак, според навивачите, играчите и тренерите, за Гоберт нема место на Олстар мечот. Центарот призна дека му е тешко што нема да игра на најинтересниот дуел каде што се сите ѕвезди, па во еден момент и заплаче.

„Ми се јави мајка ми и плачеше. Ми беше многу тешко, но така е како што е“, рече Гоберт, кој не успеа да издржи и заплаче.

Французинот има двојна причина да биде разочаран. Пред две години тој потпиша договор со Јута, вреден 100 милиони долари и стана најскапоплатениот француски спортист. Во тој договор стои и клаузула во која се вели дека доколку Гоберт успее да се избори да биде дел од Олстарот, ќе добие дополнителен бонус од едем милиони долари

- Оглас -

Најнови вести