Има ли различен аршин за големи и мали? – Како не пречи Бентеке, а на Облак му сметаше Николов (Видео)

Имаат ли европските судии различен аршин за таканаречените големи и мали репрезентации е прашање за УЕФА, по двата речиси идентични голови со различен епилог на дуелите меѓу Македонија и Словенија, односно Белгија и Сан Марино.

Нашиот гол во финишот на првиот дел што го постигна Елиф Елмас беше поништен поради тоа што наводно Бобан Николов му пречел на Јан Облак, иако беше јасно дека два голмани не можат да ја одбранат топката што ја затресе мрежата на Словенија.

https://www.youtube.com/watch?v=Yhrc5RhjPcU

Сличен гол постигнаа и Белгијците, деветтиот на дуелот со Сан Марино во победата од 9:0, а и тука Бентеке беше во пасивен офсајд и му пречеше на голманот на гостите.

И исто како и во нашиот случај ударот на Тимоти Кастањ немаше да го одбранат двајца голмани, па тој погодок беше признат, за разлика од погодокот на Елмас во Скопје. За среќа дијамантот беше расположен исто како и неговите соиграчи, постигна уште два гола, чисти како солза, па Македонија ја победи Словенија.

Само за потсетување претседател на УЕФА е Словенецот Алескандер Чеферин, а поплаки на европската куќа на фудбалот, дури и скандирања што се неприкладни за ваква организација има често на различни стадиони во Европа.

- Оглас -

Најнови вести