Има надеж за Хрватска, Аргентинците одиграа од готово вересија

Катар славеше со минимални 26:25 против селекцијата на Аргентина изборувајќи се до победата со пресврт во последните десетина минути. Катарците така ги задржаа минималните шанси за пласман во четвртфиналето, кои ќе чекаат евентуален пораз на Хрватска против актуелниот светски првак Данска.

Гаучосите во второто полувреме имаа највисоки +4, по што следуваше низа грешки од нивна страна и на тој начин го испуштија водството. Катар таквата ситуација ја искористи да го урне историскиот сон на Аргентина за пласман во нокаут-фазата.

На Аргентина ѝ одговараше и реми, меѓутоа Катарците не дозволија дополнителна драма од онаа што веќе владеше на теренот во Каиро. Дуелот меѓу Хрватска и Данска (20:30 часот) ќе го одлучи вториот патник во четвртфиналето од групата 2.

Актуелниот европски првак Шпанија им го нанесе првиот пораз на Унгарците на ова СП со убедливи 36:28, а овие две селекции веќе се пласирани во топ 8 фазата.

- Оглас -

Најнови вести