Има нешто што е поважно од фудбалот за да се одбере нов клуб

Едно од најголемите изненадувања во летниот преоден рок беше заминувањето на Раџа Наинголан од Интер во Калјари.Белгискиот интернационалец оди во Калјари како позајмен играч, на неговото заминување беше наречено „повеќе од фудбал“. Зошто Наинголан го одбра токму Калјари, иако и многу поголеми клубови се интересираа за неговиот потпис?

Клаудија, жената на Раџа неодамна заболе од рак и започна со користење на хемотерапија. За да биде поддршка во овие тешки моменти за нејзе, Наинголан реши да се врати во Калјари, родниот град на Клаудија, како би била и поблиску до нејзините родители.

Наинголан многу добро ги познава условите во Калјари. Настапуваше за овој тим во периодот од 2010 до 2014 година, кога впрочем и ја запозна Клаудија, а потоа ја побара за жена. Сега тие имаат две деца.

„Изборот не беше тежок. Веднаш кога ми се јави претседателот на Калјари, јас ја прифатив понудата“, објаснува Белгиецот, кој беше избркан од Интер од новиот тренер Антонио Конте. Во дресот на Интер, Раџа помина само една сезона и одигра 29 меча. Претходно ги бранеше боите и на Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести