Има нов најстар клуб во Англија и е актуелен премиерлигаш (Фото+Видео)

Кристал палас е најстариот клуб во Англија што, според истражувањата на Питер Менинг, бил формиран во 1861 година, едно лето пред досега официјално признатиот најстар лигашки клуб Нотс каунти.

Ако истражувањето на Менинг се потврди, тогаш актуелниот премиерлигаш ќе ја смени историјата и ќе го има приматот на најстар лигашки клуб во колевката на фудбалот.

Шефилд ФЦ се смета за прв формиран клуб во Англија, датира од октомври 1857 година, но тој е аматерски клуб што не настапувал во лигите на оваа земја, па оттаму засега официјално Нотс каунти се смета за прв формиран лигашки клуб во Англија.

1873 trophy (2).jpg

Сега Менинг наметна нова дебата и, според него, Кристал палас е основан во 1861 година и една година постар од Нотс каунти, а со натпревари почнал токму во 1862 година, кога е формиран и Нотс каунти.

Прв претседател на Палас бил Томас Фаркухар, кој бил и сопственик на Кристал палас компани, а познат е и Крикет клубот формиран во 1857 година.

 

- Оглас -

Најнови вести