Подобри се и од Баерн во Бундеслигата – Фрајбург жали што завршува 2020 година

Фрајбург жали што завршува 2020 година, иако нема да се памти по добро поради пандемијата со Ковид-19. Вечерва против Херта тимот што единствен во моментов има три победи по ред во Бундеслигата убедливо ја надигра и Херта и славеше со 4:1.

Серијата победи што Фрајбург ја почна против Арминија Билефелд и ја продолжи со Шалке 04, денеска ја преточи во хет-трик во последното коло во Бундеслигата за оваа година.

Триумфот го најави Грифо со гол во седмата минута, а по израмнувањето на гостите од Берлин со погодокот на Лукебакио, следеше шоу на домаќините на „Шварцвалад“ арена.

Со три гола во продолжението од мечот Фрајбург славеше со 4:1 и со три победи по ред ја заврши 2020 година во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести