6702 Гент – Партизан (18.00 часот)
Резултатот од првиот меч во Белград, победа на Белгијците од 1-0, не му дава големи надежи на белградскиот тим дека може да влезе во групната фаза од Конференциската лига, но Црно-белите не се ниту без шанси. Овие два тима досега трипати играле меѓусебе, секогаш било со 0-2 гола и Партизан никогаш не победил. Гент е тим кој дома ретко игра нерешено, но вечерва би прифатиле реми без размислување, додека српскиот тим нема друг избор освен да нападне.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.90)
6734 Карабах – Динамо З. (18.45 часот)
Азербејџанците според шансите кои ги имаа на првиот дуел во Загреб, не заслужија да загубат со три голови разлика, па сега ќе тргнат со сите сили по чудо. Но, одбраната на Карабах е „тенка“ и тоа е шанса за Динамо кој веројатно ќе чека шанси од контри. Динамо за кој играат Ристовски и Адеми, има доволно искуство да не си дозволи шокантна елиминација и да остане без место во ЛШ, но ги чека 90-минутна борба.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.13)
1304 Атл. Билбао – Валенсија (19.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои уште немаат победа во новата сезона на Ла Лига. Баскијците имаат еден бод, а Валенсија ниту еден. Двата тима губеа од Барселона со по 1-2, а и на другите мечеви и даваа и примаа гол. Атлетик дома не знае за пораз повеќе од една година, а Лилјаците последен пат славеле во Билбао во 2019 година. Минатата сезона беше 2-2, домашните се спасуваа од пораз во 97-ма минута.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.11)
6737 Црвена ѕвезда – Бодо/Глимт (21.00 часот)
Норвешкиот тим брани предност од 1-2, но ќе погрешат ако решат да се бранат и да одат на 0-0, посилна страна на Бодо/Глимт е нападот. Ѕвезда ако сака да влезе во ЛШ мора да одигра подобро отколку на првиот меч, голем плус за нив ќе биде поддршката од публиката. Бодо/Глимт даде барем по еден гол на сите мечеви од крајот на мај наваму, ако ја продолжат таа серија, имаат добри шанси да се најдат меѓу европската елита.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.85)
6735 Славија Прага – Лил (21.00 часот)
Французите се блиску до влез во ЛШ, но победата од 2-0 на првиот дуел не им гарантира дека ќе се пласираат меѓу 36-те најдобри во Европа. Славија може да биде втор чешки претставник во ЛШ, покрај Спарта и тоа е нивна мотивација. Лил има серија од три меча по ред на кои победува со по 2-0, два во француската лига и еден со Славија. Славија дома не загубила уште од март, кога беше поразена од Милан.
Предлог тип: 1 пдг (1.91)