Има само 19 години, а цел „Камп Ноу“ го дочека со овации на нозе (Видео)

Барселона ја победи Мајорка и конечно ја прекина лошата низа од три порази на „Камп Ноу“. Освен триумфот, радост на стадионот на Барселона донесе и појавувањето на Ансу Фати на теренот.

Тинејџерот на Барселона е можеби и најомилениот играч оваа сезона кај навивачите, а тој во изминативе три и пол месеци беше во аут поради повреда. Фати е еден од најталентираните млади фудбалери во светот и голема надеж на Барселона, а навивачите веднаш му дадоа поддршка по враќањето на „Камп Ноу“.

Кога Фати се појави покрај аут линијата за да влезе во игра во второто полувреме, сите навивачи на стадионот со аплауз и овации го поздравија 19-годишниот талент.

За Фати ова беше 11-ти меч сезонава и во околу 450 минути поминати на теренот има постигнато пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести