Има само еден начин Англија да биде со пет тима во ЛШ во следната сезона

По комплетирањето на 37-мото коло во англиската Премиер лига, некои работи се појасни, но не целосно, па последното коло треба да разреши некои дилеми. Дуелот на Лестер и Тотенхем ќе биде посебно интересен бидејќи двата тима може да испаднат големи губитници, а останува отворена опцијата Англија да има дури пет тима во Лигата на шампионите во следната сезона.

Сите работи околу можноста пет англиски тима во ЛШ ги држи лондонскиот Челзи.

Според новите правила на УЕФА, иако победниците на ЛШ и ЛЕ имаат загарантирано место во групите во ЛШ за следната сезона, тоа не значи дека своето место би му го отстапиле на тим кој е петти. Ако Лигата на шампионите ја освои Манчестер сити, тогаш петтиот од Премиер лигата не може да оди во ЛШ. Единствен начин Премиер лигата да има пет претставници во елитното натпреварување е Челзи да ја освои ЛШ и да биде петти на табелата во домашното првенство.

Сините ќе бидат петти ако не победат кај Астон вила на гости во последното коло, а Лестер и Ливерпул да победат во своите мечеви против Тотенхем, односно Кристал палас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести