Има секакви будали, на промоција на Азар дојде во дрес на Барселона (Видео)

На промоцијата на Еден Азар во Реал Мадрид, меѓу оние нешто повеќе од 50.000 навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, имаше и еден кој се разликуваше од сите други, по тоа што дојде во дрес на лутиот ривал Барселона.

Навивачите на Реал кои седеа околу него беа зачудени, не знаеја дали е провокатор или бил проморан поради некаков загубен облог да облече дрес на Барса, но секако го натераа да го соблече. Кога го соблече дресот на каталонците, доби овации од присутните, а фановите секако упатија и погрдни зборови кон актуелниот шпански првак.

Погледнете како изгледаше целиот „инцидент“:

- Оглас -

Најнови вести